За Советот PDF Печати Е-пошта

SRDСоветот за радиодифузија е независно регулаторно непрофитно тело со јавни овластувања во радиодифузната дејност. При остварувањето на своите надлежности, ��ои се утврдени со Законот за радиодифузната дејност, СРД се грижи за обезбедување на слободата и плурализмот во изразувањето, за постоењето разновидни, независни и самостојни медиуми, за економски и технолошки развој на дејноста и за заштита на интересите на граѓаните во радиодифузната дејност.

 

 

Повеќе...
 
Надлежности PDF Печати Е-пошта

Советот за радиодифузија, согласно член 37од Законот за радиодифузната дејност (Службен весник на РМ бр.:100/2005) ги врши следниве работи:

Повеќе...
 
Претседател на Советот PDF Печати Е-пошта

На 18 април 2012 година, за претседател на СРД е избран Зоран Трајчевски. Тој е член на СРД од август 2011 година со мандат од шест години.

Во март 2013 година, господин Трајчевски се стекна со научен степен доктор на економски науки, од Факултетот за економија и инженерски менаџмент во Нови Сад, Србија. Докторската дисертација е на тема „Либерализација на пазарот на електронските комуникации и менаџментот на компаниите“. Магистер  е по машински науки и енергетска ефикасност и магистер по економски науки.

Господин Трајчевски е поранешен директор на Агенцијата за електронски комуникации и одличен познавач на легислативата за медиуми и електронски комуникации.

Повеќе...
 
Членови на Советот PDF Печати Е-пошта

Советот за радиодифузија е составен од петнаесет члена кои ги бира Собранието на Република Македонија согласно Законот за радиодифузната дејност.

 

Повеќе...
 
Организација на стручната служба на Советот PDF Печати Е-пошта

 

Стручно-административните работи на Советот за радиодифузија ги врши стручна служба. Во согласност со надлежностите и обврските произлезени од Законот за радиодифузната дејност. Советот, на 29.12.2006 година, донесе Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места и задачите.

 

Работните места во Стручната служба и условите потребни за нивно вршење работите и задачите се дадени во табеларен преглед. Правата и обврските на вработените во стручната служба се уреду­ваат во согласност со закон, колективен договор и општите акти на Сове­­тот.

Повеќе...