Радио и ТВ-станиците во Република Македонија PDF Печати Е-пошта

Списоци на регистрирани радиодифузери во Република Македонија


Преземи список на регистрирани телевизии (потребен е MS Excel) (ажурирано на 26.01.2012)


Преземи список на регистрирани радија (потребен е MS Excel) (ажурирано на 13.12.2011)

 


Во Република Македонија постои дуален медиумски систем, составен од јавна радиодифузија и комерцијална радиодифузија. Значи, покрај јавниот сервис, радиодифузна дејност вршат и таканаречените трговски радиодифузни друштва (или комерцијални обезбедувачи на аудио-визуелни содржини) како и непрофитни радиодифузни установи.


Структура на радиодифузната индустрија

 

Функциите на јавен радиодифузен сервис ги врши  Македонска радиотелевизија (МРТ). Таа работи на начин и под услови утврдени со Законот за радиодифузна дејност („Службен весник на РМ„ бр.100/2005 и 19/2007) и дозволата за вршење радиодифузна дејност ја добива со тој закон.

 

Emituvanje_na_programa_od_tv_studio

Слика 1: Емитување програма од ТВ студио

 

Трговските радиодифузни друштва можат да бидат основани од правни и физички лица под услови кои што се утврдени со Законот за радиодифузната дејност и со други закони, а дозвола за вршење радиодифузја дејност дава Советот за радиодифузија (СРД). Исто така, законот за радиодифузната дејност овозможува основање и на непрофитни радиодифузни установи. Неа можат да ја основаат образовни, културни и други установи и здруженија на граѓани и фондации, со цел  да се задоволат потребите и интересите на специфични целни групи, како што се на пример универзитетските радија.

Borce


Слика 2: Емитување програма од радио студио

Во јавниот и во приватниот сегмент на телевизијата во Македонија, немнозинските етнички заедници имаат медиуми на своите јазици. Постојат програми на албански, бошњачки, ромски, турски, српски и хрватски јазик.


Платформи за пренос на програмите на обезбедувачите на аудио-визуелни медиумски услуги

 

Преносот на програмите во Република Македонија се врши преку шест аналогни терестријални радио и осум телевизиски радиодифузни мрежи за пренос на програми на јавни и приватни радиодифузери. Јавен оператор за преносот на радио и телевизиските програми е Јавното претпријатие “Македонска радиодифузија - Скопје” (МРД).
За разлика од јав��иот сервис, комерцијалните радиодифузери располагаат со сопствени аналогни радиодифузни мрежи, односно најчесто самите ги пренесуваат своите програмски сервиси. Нивно реемитување вршат и други оператори на јавни комуникациски мрежи на повеќе технички платформи, како што се кабел (аналогно и дигитално реемитување - DVB-C), IPTV (телевизија преку интернет протокол), безжични дигитални земски мрежи (DVB-T), сателитски мрежи (DVB-Sх) како и преку некои мобилни UMTS-оператори.
Prenos_na_tv_sodrzini_preku_UMTS
Слика 3: Пренос на ТВ-содржини преку UMTS-мобилна мрежа

Prikaz_na_satelit_preku_koj_se_prenesuvaat_tv
Слика 4: Приказ на сателит, преку кој се емитуваат телевизиски и радио канали