Седници
Хроника од 16-та седница PDF Печати Е-пошта

СКОПЈЕ, 27.03.2013 - На денешната седница, Советот за радиодифузија (СРД) го усвои Извештајот од медиумското покривање на локалните избори 2013 во вестите за време на изборната кампања (4-24 март 2013).

СРД ги разгледа Извештаите од мониторингот на констатираните прекршувања во текот на изборната кампања за: ТВ Спектра, ТВ Далга КРТ, ТВ БТР, Радио Про Ф-М, ТВ Шутел, ТВ Коха, ТВ Еми, ТВ Нова, ТВ Амазон, ТВ Телма, Радио Зона М-1, Радио Канал 77, ТВ Сител, ТВ МТМ, Радио Ват, ТВ Ера, Македонско Радиo - програма на турски јазик, Македонско радио - Радио Скопје, МРТ2 – програма на турски јазик, Првиот програмски сервис на МТВ и заклучи да постапи на следниов начин:

-  за прекршување на член 75 став 3 од Изборниот законик и член 22 став 1 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (надминување на лимити за платено политичко рекламирање на еден реален час) Советот ќе покрене прекршочна постапка за ТВ Спектра, ТВ Далга КРТ, ТВ БТР и Радио Про Ф-М. Прекршочна постапка ќе биде покрената и против главните и одговорни уредници на овие радиодифузери;

- за прекршување на  член 75 став 3 од Изборниот законик и член 24 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (платеното политичко рекламирање треба да биде соодветно и видливо означено како „платено политичко рекламирање” во текот на целото времетраење на емитувањето и да биде јасно издвоено со најавна и одјавна шпица), Советот ќе упати укажување до: ТВ Шутел, ТВ Коха и ТВ Еми;

- за прекршување на  член 75 став 3 од Изборниот законик и член 26 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (во сите облици платено политичко рекламирање нарачателот мора да биде јасно означен), Советот ќе упати укажување до: ТВ Нова - Гевгелија, ТВ Амазон, ТВ Телма и Радио Зона М-1;

- за прекршување на член 75 став 3 од Изборниот законик и член 27 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (платено политичко рекламирање не смее да се емитува во вести и други дневно-информативни програми, во детски, училишни и образовни програми, во директни преноси од верски, спортски, културни, забавни и други настани и во посебни информативни програми), Советот ќе покрене прекршочна постапка за РА Канал 77 и за ТВ Шутел“. Прекршочна постапка ќе биде покрената и против главните и одговорни уредници на овие радиодифузери.

- за прекршување на член 75 став 3 од Изборниот законик и член 29 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна  кампања (посебните информативни програми не смеат да се користат како облик на платено политичко рекламирање), Советот ќе упати укажување до ТВ Шутел; 

- за прекршување на член 75 став 3 од Изборниот законик и член 7 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (емитувани реклами финансирани од Буџетот на РМ), Советот ќе покрене прекршочна постапка за ТВ Сител 3 и ТВ МТМ. Прекршочна постапка ќе биде покрената и против главните и одговорни уредници на овие радиодифузери.
 
- за прекршување на  член 75 став 3 од Изборниот законик и член 35 став 1 алинеи 2 и 3 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (за време на изборниот молк, радиодифузерите можат да известуваат и за неправилности и за евентуални инциденти, при што: можат да објавуваат само проверени информации од официјални извори; елементите од информациите на официјалните извори кои се сметаат за прекршување на изборниот молк како што е откривањето на идентитетот на политичките субјекти вклучени во инциденти, не смеат да ги објавуваат до затворањето на избирачките места; а кандидатите во изборниот процес, односно организаторите на изборна кампања, нивните набљудувачи и штабови, не се сметаат за официјални извори на информации), Советот ќе упати укажување до Радио Ват и  ТВ Ера;

- за прекршување на член 75 став 3 од Изборниот законик и член 31 став 1 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (објавени се резултати од испитување на јавното мислење по законски дозволениот рок, во периодот од 5 дена пред денот определен за одржување на изборите), Советот ќе упати укажување до Радио Ват, Македонско Радио- програма на турски јазик,  Македонско радио - Радио Скопје, МРТ2 – програма на турски јазик и Првиот програмски сервис на МТВ.

- за прекршување на член 75 став 3 од Изборниот законик и член 30 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (при објавување резултати од испитувања на јав��ото мислење не се обезбедени доволно информации врз основа на кои јавноста ќе може да ја процени веродостојноста на испитувањето), Советот ќе упати укажување до ТВ Сител и Македонско радио – Радио Скопје.

Советот за радиодифузија заклучи да ги издаде следниве потврди за регистрирани програмски пакети:

- на Друштвото за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ, Потврда бр.9 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмскии сервиси: B92 Info, Kopernikus, Cinemania, FTV, TV 1000, Viasat History, Viasat Explorer, Viasat Nature, Sport Klub Prime, Discovery ID, MTV Adria, Ultra, History Channel, Eurosport, Eurosport 2 и TV Atlas.

- на Македонски Телеком АД Скопје,  Потврда бр.40 со која  регистрираниот програмски пакет како целина се дополнува со телевизискитe програмскии сервиси: Euronews и Hustler TV.
Normal 0 false false false EN-US X-NONE X-NONE

 
СРД ја усвои Информацијата за неовластено реемитување на телевизискиот програмски сервис на PINK TV и заклучи на операторот на кабелска мрежа Пела дигитал да му се упати налог за исклучување на програмскиот сервис на PINK TV и за истото да се извести и Координативното тело за интелектуална сопственост при Владата на РМ.



СРД ја усвои Информацијата за ТРД Радио Ускана-Плус ДООЕЛ Кичево и ТРД Радио ПРО-ФМ ДООЕЛ од Гостивар, по  иницирана постапка за одземање на дозволите за вршење радиодифузна дејност. Трговските радиодифузни друштва ТРД Радио Ускана-Плус ДООЕЛ Кичево и ТРД Радио ПРО-ФМ ДООЕЛ од Гостивар, во дополнителниот рок го платија пресметаниот надоместок за  дозволите за вршење радиодифузна дејност, поради што се запира постапката за одземање на дозволите.

 
Седница бр. 16 од 27.03.2013 PDF Печати Е-пошта

16-та седница на Советот за радиодифузија на РМ за 27.03.2013 година (среда), со почеток во 13,00 часот.

 
                                                            Д н е в е н   р е д


 
1. Усвојување на Записникот од 13-та седница на Советот, одржана на 13.03.2013 година.

2. Усвојување на Записникот од 14-та седница на Советот, одржана на 15.03.2013 година.

3. Извештаj за начинот на известувањето во вестите за периодот на изборната кампања.

4. Извештаи за констатирани прекршувања во текот на изборната кампања.

5. Барање бр.11-63 од 14.03.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.9 на Друштвото за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје.

6. Барање бр.11-65 од 20.03.2013 година, за дополнување на регистрираниот пакет програмски сервиси бр.40 на Македонски Телеком АД
Скопје.

7. Информација за неовластено реемитување на телевизискиот програмски сервис на PINK TV, со предлог заклучок.

8. Предлог - Одлука за одобрување средства за отстранување сторена штета – скршени стакла во седиштето на Советот, согласно Договорот за јавна набавка за обезбедување финансиско-осигурителни услуги, бр.03-150/1 од 10.01.2013 година.
 
9. Разно.

 
Хроника од 15-та седница PDF Печати Е-пошта

СКОПЈЕ, 21.03.2013 - Советот за радиодифузија на денешната седница ги разгледа Извештаите од мониторингот на медиумското покривање на изборната кампања на ТРД Канал 5, ТВ Алфа, ТB Сонце, ТВ Амазон, ТВ Шутел, ТВ Бтр Национал, ТВ Дибра, ТРД Вижн-БМ, ТВ Арт, ТВ Кочани-ЛД, ТВ Кобра, ТВ Еми, ТРД Нова, ТРД Канал 21, ТВ МТМ,  и заклучи да ги изрече следниве мерки:

- за прекршување на член 75 став 3 од Изборниот законик и член 22 став 1 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (надминување на лимити за платено политичко рекламирање на еден реален час), Советот ќе покрене прекршочна постапка за ТРД Канал 5, ТВ Алфа, ТB Сонце, ТВ Амазон, ТВ Шутел, ТВ Бтр Национал, ТВ Дибра - Дебар, ТРД Вижн-БМ, ТВ Арт - Тетово, ТВ Кочани-ЛД, ТВ Кобра - Радовиш, ТВ Еми - Радовиш, ТРД Нова – Куманово и ТРД Канал 21. Прекршочна постапка ќе биде покрената и против главните и одговорни уредници на овие радиодифузери.

-за прекршување на член 75 став 3 од Изборниот законик и член 7 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (емитувани реклами финансирани од Буџетот на РМ, односно од буџетите на општините и на градот Скопје), Советот ќе покрене прекршочна постапка за ТВ МТМ и ТВ Вижн-БМ. Прекршочна постапка ќе биде покрената и против главните и одговорни уредници на овие радиодифузери.

 - за прекршување на член 75 став 3 од Изборниот законик и член 27 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (емитувано платено политичко рекламирање во дебатни емисии), Советот ќе покрене прекршочна постапка за ТВ Шутел и ТВ БТР. Прекршочна постапка ќе биде покрената и против главните и одговорни уредници на овие радиодифузери.

Советот заклучи да упати укажување на: ТВ Дибра поради што е емитувано платено политичко рекламирање кое не е означено со „платено политичко рекламирање” и не е одвоено со најавна и со одјавна шпица; ТВ Алфа и ТВ Вижн-БМ поради што е емитувано  платено политичко рекламирање чиј нарачател не е јасно означен.


Советот го усвои Предлог – Мислењето за три работни документи на ЕК – за имплементација на универзалната услуга, дополнителните информации за преминот кон дигитална телевизија и прашалникот за земјите – членки. Советот позитивно го оцени донесувањето на ваквите документи.

Советот ја разгледа Информацијата за раскинување на договорите за реемитување на телевизиските програмски сервиси на ИКО МЕДИА од Белград и заклучи да упати налог за исклучување на:
 
• ТРД Оператор на кабелска мрежа ГЛОБАЛ-НЕТ ДООЕЛ Крушево за програмските сервиси: Ultra, Cinemania, Sport Klub, Sport Klub+, Fishing&Hunting и Golf Klub.
 
• Друштво за промет, производство и услуги ИМПЕРИЈАЛ-С ДООЕЛ увоз извоз Скопје за програмските сервиси: Sport Klub, Sport Klub+, Fishing&Hunting и Golf Klub.

• ТРД Оператор на кабелска мрежа ТО-МИ ДОО Радовиш за програмските сервиси: Sport Klub, Sport Klub+, Fishing&Hunting и Golf Klub и
 
• Друштво за меѓународна шпедиција, транспорт и трговија ТРАНШПЕД ТРЕЈД ДООЕЛизвоз-увоз Скопје за програмските сервиси: Sport Klub, Sport Klub+,Fishing&Hunting и Golf Klub.

 
Седница бр. 15 од 21.03.2013 PDF Печати Е-пошта

15-та седница на Советот за радиодифузија на РМ за 21.03.2013 година (четврток), со почеток во 13,00 часот.

��
                                            Д н е в е н   р е д
 
1. Усвојување на Записникот од 12-та седница на Советот, одржана на 06.03.2013 година.

2. Извештаи од мониторингот на медиумското покривање на изборната кампања.

3. Информација за плаќање на надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност, по доставена пресметка на 4 март 2013 година.

4. Разно.


 
Хроника од 14-та седница PDF Печати Е-пошта
Повеќе...
 
<< Прва < Предходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Последна >>

Страна 1 од 44